„Гардијан“ ја цитира Колинда: Корупцијата во хрватското општество започнува во училниците

Оние што добро ги пишуваат тестовите, се вели дека се „бубалици”, а оние што препишуваат и мамат на тестовите се херои, рече таа, потсетува Гардијан, на прес-конференција во Загреб.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ пред новинарите изјави дека корупцијата во хрватското општество веќе почнува во училиштата, каде децата кои препишуваат и мамат на тестови се слават како херои.

Претседателката, која го напушта Пантовчак во февруари по поразот на изборите, рече дека корупцијата може да се најде насекаде во хрватското општество, но и дека почнува во училниците. Оние што добро ги пишуваат тестовите, се вели дека се „бубалици”, а оние што препишуваат и мамат на тестовите се херои, рече таа, потсетува Гардијан, на прес-конференција во Загреб.

„Таму започнува корупцијата, меѓу децата. Бараат начини како да го измамат системот и тоа не е ограничено само во политиката. Сепак, подобро е отколку што беше, но не е работата само во политиката”, рече претседателката, пренесува „Гардијан”, продолжувајќи дека Грабар Китаровиќ е исклучена од главните владини одлуки за време на нејзиниот мандат од владата на Иво Санадер, кој беше осуден на шест години затвор за примање мито од 10 милиони евра за продажба на акции на Ина на унгарскиот МОЛ.

Прочитајте и...  Четири се влезени во трета фаза: Кина испитува вкупно 11 вакцини против Ковид-19

Таа додаде и дека не знаела за неговата корупција.

Претседателката, продолжува извештајот на весникот, рече дека секојдневните обичаи во хрватското општество исто така ја поддржуваат корупцијата.

„Честопати, ние не сме ни свесни што е всушност корупцијата. Кога одите на лекар, сите очекуваат да донесете барем цвеќиња, чоколада или нешто слично. Тоа е обичај”.

„Мајка ми неодамна беше во болница и пријателите ме прашуваа зошто не сум однела ништо во болницата, бидејќи медицинските сестри го очекувале тоа. Им реков дека нема да учествувам во оваа форма на корупција. Ќе однесев мал подарок за Божиќ, но тоа е тоа”, рече претседателката.

„Светла точка за мене се младите луѓе кои ја напуштија Хрватска во различни странски земји и кои ќе се вратат и ќе донесат различна етика и работен однос од таму и дека ќе профитираме преку тоа”, рече Грабар Китаровиќ.

Прочитајте и...  Ќе добие и кривична пријава: МВР приведе светиниколец за мачење на животни

Последната анкета на Евробарометар, потсетува Гардијан, покажува дека повеќето Хрвати, 59 проценти, веруваат дека корупцијата им го загрозува нивниот секојдневен живот. Најмногу од сите членки на ЕУ, 16 проценти од Хрватите веруваат дека тие биле изложени на корупција.

Прочитај повеќе

Над 60.000 доброволци во Москва за руската вакцина

Слободен печат

Од утре не важат повеќе вонредни уредби: Потрошувачките кредити може да поскапат

Весна Дамчевска

Туризмот во владината програма за периодот 2020-2024 година: Проект „Ѕвезда плус”, археолошки локалитети за домашни и странски гости

Слободен печат

Судир меѓу полиција и демонстранти во Лондон, уапсени 32 лица (ФОТО)

Слободен печат

Трамп на митинг во Северна Каролина: Ќе кандидирам жена за Врховниот суд оти повеќе ми се допаѓаат од мажите

Слободен печат

Пендаровски до патријархот Вартоломеј: Употребете го вашето апелационо право за нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Регионални избори во Италија и референдум за кратење на бројот на пратеници од 945 на 600

Слободен печат

Анализа на причините: Раст на процентот на позитивни случаи од ковид тестовите од 6,5 на 8

Слободен печат

Метео: Утринските температури до 13 степени, сончево и топло преку ден

Слободен печат

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Виц на денот: Казна

Слободен печат

Словенија наложи задолжително носење маски и на отворено

Маријана Митровска