Гардијан ги разоткри хрватските полицајци: Со спреј во боја им цртаат крстови на главите на мигрантите

На 6. мај во Пољана во Босна мигрантите се протерани назад и обоени со спреј во портокалова боја. Одземени им се пари и мобилни телефони.

Британскиот весник Гардијан објави напис за тоа дека хрватската полиција наводно со спреј во боја им цртала крстови на главите на барателите на азил при нивниот обид да ја преминат границата од Босна.

Гардијан објави бројни фотографии од инциденти кои многу организации за човекови прави ги опишаа како „најново понижување“ на мигрантите кои патуваат низ балканската рута од страна на хрватските власти.

ОН побараа од хрватската влада да ги истражи овие наводи за злоупотреби.

„Очигледно се работи за намерно понижување на бегалците“

Очигледно е дека една од причините е намерно понижување на бегалците и мигрантите кои се обидуваат да ја преминат границата“, рече Џек Сејпоч од невладата организација No Name Kitchen (NNK).

„Колку што сфаќам, постојат два можни мотиви. Или хрватските власти користат боја во спреј за да ги идентификуваат и понижуваат оние мигранти кои во повеќе наврати се обидуваат да поминат граница, или, што е уште позагрижувачко, користат верски симбол за психолошки да ги трауматизираат овие мажи, кои главно се муслимани“, рече Сејпоч.

NNK наведе дека на 6. мај во Пољана во Босна мигрантите се протерани назад и обоени со спреј во портокалова боја. Одземени им се пари и мобилни телефони.

Гардијан пишува и како една друга група на 7. мај се вратила во кампот Мирал покрај Велика Кладуша и опишала слична постапка од хрватската полиција.

Извештаи за насилство од хрватската полиција

Хуманитарните работници, лекарите и службени лица од УНХЦР ги документирале наводите за злоупотребите не ахрватската полиција, наведува Гардијан, која многу често ги тепала мигрантите, пукала на нив, ги ограбувала и дури им ја одземала и облеката.

УНХЦР соопшти дека е „длабоко загрижена поради пријавите на насилство и постапувањето со миграните и бегалците од страна на хрватската полиција“.

„Нашата организација веќе од претходно примаше веродостојни извештаи од луѓе кои тврдат деак се незаконски вратени од Хрватска во БиХ и Србија“; рече за Гардијан Зоран Стевановиќ, регионален директор на УНХЦР.

„УНХЦР побара од хрватската влада да ги истражи сите тврдења за прекршување и злоупотреби и да се воспостави нов независен механизам за проценки за да се утврдат фактите за ситуацијата на граница“, додаде тој.

Меѓу септември 2019 година и мај оваа година, УНХЦР ги извести хрватските власти за 100 случаи на наводно незаконско враќање од Хрватска во Босна и Србија. И покрај тоа, тврди Сејпоч, неговата организација во последните два месеци и натаму примиа пријави за насилство на босанската граница.

Минатиот месец, властите во БиХ наредија поради пандемијата преместување на илјадници мигранти во зафрлен камп во Липа, село сместено на околу 25 км. од границата со Хрватска. Изградбата на новиот камп предизвика паника помеѓу барателите на азил и волонтерите, кои се плашат дека поради овој потег мигрантите нема да добијат никаква помош.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот