„Гардијан”: ЕУ размислува за забрана на извоз на вакцини во Британија

Европската унија би можела во следните денови да го блокира извозот на милиони дози вакцини против коронавирус во Велика Британија, што ќе претставува одговор од Брисел на големиот недостиг од резерви на вакцини во државите членки, пишува весникот „Гардијан”.

Откако британско-шведската комоанија АстраЗенека минатата недела соопшти дека ќе мора да ја намали испораката на својата вакцина за ЕУ за 60 отсто во првиот квартал поради проблеми во производството, Европската комисија најави дека ќе воспостави нов механизам за авторизација, за да им дадат овластувања на националните регулаторни тела да добијат извоз на вакцините.

Весникот наведува дека тоа предизвикува загриженост оти ќе биде загрозен континуираниот прилив на вакцината на „Фајзер” во Велика Британија, која нарачала 40 милиони дози.

– Постои можност под одредени околности да не дозволиме реализирање на извозот, истакна еден официјален претставник.

Според анализата на компанијата „Ерфинти”, доколку Британија биде принудена да зависи само од вакцините произведени во земјата, тогаш постигнувањето колективен имунитет, за што е потребна имунизација на 75 отсто од населението, би можело да задоцни речиси два месеца.

Во Брисел велат дека одлуката на британската Влада да го блокира извозот на одредени лекови против коронавирусот е причина Брисел „да се заштити од акти на протекционизам низ светот”.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот