Ганиу: Започна спроведувањето на проектот нула кучиња бездомници во Чаир

Бездомни кучиња/Фото: МИА

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу дава вистински пример за тоа како ефикасно може да се реши проблемот со кучињата бездомници во земјава.

Во Чаир веќе започна акцијата за собирање кучиња бездомници, активност што беше најавена од градоначалникот на Чаир и кандидат на ДУИ за следните четири години, Висар Ганиу, пред два дена со потпишување на Меморандум за соработка со Здружението „Happy Shelter “. Акцијата за собирање кучиња бездомници се одвива на целата територија на Чаир од каде пристигнуваат пријави за нивно присуство.

Пример е со граѓаните на Топанско Поле, кои пријавија присуство на кучиња бездомници и мобилната екипа на „Happy Shelter” веднаш реагираше со собирање на кучињата од улица и нивно засолнување со соодветен третман. Во центарот „Happy Shelter ” кучињата ќе бидат третирани според законот до посвојувањето.

-Им благодарам на граѓаните и Центарот „Happy Shelter” што ни помага да го решиме ова прашање на достоинствен начин, изјави Ганиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот