Ганиу предупредува: Објектот пред „Мавровка“ повторно ќе биде урнат ако не биде вратен во првобитната состојба

Рушење на дивоградбата кај ТЦ Мавровка / Скопје, 2 септември 2020 / Фото: Драган Митровски - Слободен печат.

Сопственикот на објектот пред „Мавровка“ има законско право да го врати во првобитната состојба пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата. За се што ќе биде различно од објектот кој бил пред пожарот, Општината веднаш ќе постапува и ќе ја прекине градбата и ако треба повторно ќе ги преземе сите мерки.

Ова е ставот на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу околу градежните активности кои се изведуваат во изминатиот период, пред ТЦ „Мавровка“, а четири месеци по уривањето на дивоградбата.

Градоначалникот меѓу другото потенцираше и дека општината нема да дозволи сопственикот на објектот, да изгради ниту еден метар квадратен доколку не се држи до законот. Ако не го почитува, дециден е Ганиу, не е исклучена ниту една мерка, вклучително и уривање.

– Објектот пред да го зафати пожар беше легализиран и беше со целосна докуменатација. Во законот стои дека во елементарна непогода, поплава или пожар сопственикот може да го врати во првобитна состојба без да побара документација во Општината. Тој тоа го почна, но не го градеше истиот објект. Значи излезе од габаритите, од површина и од висина на објектот. Објектот беше со челична контрукција, а тој почна со друг вид градба односно го градеше со бетонска. Затоа ние почнавме постапки и го срушивме објектот- рече Ганиу.

Спорниот објект пред ТЦ „Мавровка“ беше урнат во септември, а уривањето го вршеше Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, кое уследи откако Владата донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на ова јавно претпријатие да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ „Мавровка“, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот