Ганиу: Чаир е прва општина со Центар за пензионери

Висар Ганиу го отвори пензионерскиот дом во Чаир/ Фото: Општина Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу воедно и кандидат за втор мандат од политичката партија ДУИ, денеска оствари средба со пензионерите на која им ги предаде клучевите од Центарот за пензионери, што е наменет како место за средба на жителите на општината во напредна возраст, информираат од Општина Чаир

-Тие го дадоа својот придонес и посветеност, и ние денес ги уживаме придобивките, така што нивниот придонес е незаборавен и ќе се цени засекогаш. Денеска, заедно со претседателот на Здружението на пензионери на Чаир, Ќоку и претставници на пензионери го посетивме првиот Пензионерски центар во нашата земја”, изјави Ганиу.

Општина Чаир информира дека центарот е инвестиција од 3.600.000 денари, а обезбеден е и лиценциран персонал за медицински и социјални услуги за оваа категорија граѓани. 

Видео на денот