Ганиу амбициозен пред вториот круг: За два месеца ќе нема ниту едно куче-скитник во општина Чаир

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу во посета на „Хепи шелтер“ / 27 октомври 2021 / фото: Фејсбук

Градоначалникот на Општина Чаир и кандидат на ДУИ за нов мандат, Висар Ганиу, при денешната посета на Здружението за заштита на животни „Хепи Шелтер” најави дека до крајот на оваа година во општината нема да има бездомни кучиња.

Ганиу од претседателот на Здружението Кемал Незири бил информиран за бројните акции кои здружението ги презема низ територијата на Чаир. Во оваа прилика беше информиран дека досега од повеќе локации во Општина Чаир се собрани „близу 23 проценти“ од кучињата бездомници, односно од секаде каде што доаѓаат известувања на граѓаните за присуство на кучиња бездомници.

Ганиу рече дека неговата заложба за нула кучиња-бездомници во Чаир се реализира, и според неговите прогнози, до крајот на оваа година во оваа општина нема да има кучиња-скитници. Тој појасни дека и на средбите што ги имал со жителите од населбите, тие ја поздравиле акцијата за нула кучиња бездомници во Чаир.

– Со многу брза динамика се врши собирањето на кучињата бездомници во општина Чаир од страна на екипите на здружението „Хепи Шелтер”. Точно пред еден месец го потпишавме меморандумот и денес имаме близу 23 отсто помалку кучиња бездомници во нашата општина. Ова е многу позитивна динамика и според прогнозите очекуваме до крајот на годината во нашата општина да нема кучиња бездомници, истакна Ганиу.

Тој, како што посочуваат од прес-службата на Општина Чаир, им се заблагодарил на претставниците на „Хепи Шелтер” кои со посветеност ги спроведуваат акциите за собирање кучиња и на граѓаните за соработката. Општината и здружениетоедуваат и можноста за проширување на капацитетот на центарот за собирање кучиња и со тоа зголемување на динамиката на акцијата за собирање.

Ганиу апелираше до граѓаните да ги информираат општинските власти за присуството на кучиња бездомници на електронската пошта на општината или преку порака директно на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот