Ганц: Планот на Трамп за мир на Блискиот Исток е историски

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Ганц истакна дека неговиот разговор со Трамп бил важен и го пофалил претседателот на САД како вистински и храбар пријател на Израел.

Лидерот на израелската партија Сино и бело, Бени Ганц оцени дека планот на администрацијата на САД за мир на Блискиот Исток е „историски”, најавувајќи дека ќе работи на негово остварување доколку победи на изборите на 2 март.

Ганц вчера во Белата куќа оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот бил невообичаен бидејќи американски претседатели речиси никогаш не се сретнуваат со опозициски лидери на странски земји.

Трамп претходно се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Ганц истакна дека неговиот разговор со Трамп бил важен и го пофалил претседателот на САД како вистински и храбар пријател на Израел.

– Планот на администрацијата на Трамп е значаен и историски. Ќе работам на негова примена во стабилна и функционална израелска влада, заедно со другите држави во нашиот регион, нагласи Ганц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот