Ганц и Либерман заеднички ќе му се спротистават на Нетанјаху

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот опозициски лидер Бени Ганц изјави дека со десничарската партија на Авигдор Либерман договорил соработка заради формирање нова влада по минатонеделните предвремени парламентарни избори.

Либерман ја предводи малата партија „Нашиот дом Израел“.

– Разговаравме за суштински принципи и одлучивме дека ќе работиме заедно за да формираме влада која ќе го извлече Израел од политичкиот ќор-сокак и да избегнеме четврта рунда избори – изјави центристот Ганц, лидер на опозициската „Сино и бело“.

Победник на предвремените избори беше Ликуд на Нетанјаху, но не освои доволно мнозинство во Парламентот за да може да формира влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот