Гамбиецот Маронг од Црвена звезда во Академија Пандев

Маронг е офанзивен играч за врска и крилен напаѓач/Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Како што соопштуваат од фудбалскиот клуб на Академија Пандев нивно најново летно засилување е Оусман Маронг.

Овој играч доаѓа од Гамбија кој досега ги бранеше боите на српскиот шампион Црвена звезда.

Маронг потпиша договор на две години со струмичкиот клуб и во тек е неговата регистрација за право на настап.

– Се работи за 22-годишен играч кој подеднакво добро се снаоѓа на позициите офанзивен играч за врска и крилен напаѓач. Му посакуваме многу голови и асистенции во плаво-белиот дрес – информираат од ФК Академија Пандев.

Белградските „црвено-бели“ го испраќаа на позајмица во Графичар каде што запиша 37 настапи и седум голови, како и во израелскиот Хапоел Ра`анана со 15 настапи и два погодоци.

На стартот од новата натпреварувачка сезона во Првата македонска лига Академија Пандев ремизираше дома 1:1 со Струга Трим Лум. Во следното второ коло на 15 август од 17.00 часот играчите на тренерот Александар Васоски се домаќини на Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот