„Галуп“: 70% од испитаниците во Бугарија не се согласуваат на отстапки во спорот со Македонија

Телефонската анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“ покажува дека значителен процент Бугари не се согласуваат Бугарија да прави отстапки во спорот со Македонија.

Според неа, 70% од испитаниците се против Бугарија да го укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија.

Скоро 20 проценти се на спротивно мислење. Останатите се уште се двоумат.

Анкетата е спроведена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 возрасни Бугари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот