Галоски руши рекорди, поддржан и од Дејвид Гета на неговите официјални страници!

Фото: Инстаграм

Една од најголемите глобални музички ѕвезди и број 1 диџеј на листата на Dj Mag за 2020-та, Дејвид Гета преку својот официјален инстаграм профил кој брои над 8,5 милиони следачи, ја објави топ листата за највртени денс песни во последните две недели, а на листата третопласиран е македонскиот гениј за електронска музика Галоски, кој воедно ја потврди титулата за најдобар диџеј во земјава и на Балканот.

Новото издание на Галоски насловено како Got Me Feeling исто така доби највисок рејтинг 5/5 од престижниот Billboard магазин и веќе е во етер на најголемите национални радио станици ширум Европа и светот.

Фото: Промо

Водечкиот македонски DJ и продуцент Галоски периодов сосема заслужено ги ужива најуспешните моменти од својата кариера. Претходните две изданија ‘Want You Back’ и ‘Wasting My Time’ беа дел од Глобалната Денс Топ Листа како и првопласирани на 1001tracklist и ја носеа титулата за највртени песни за месец септември и октомври.

Музиката на Галоски редовно добива поддршка и се емитува во радио емисиите на Тиесто, Дејвид Гета, Афроџек, Алесо, Оливер Хелденс, Хардвел.

За успехот и квалитетот на нашиот диџеј Галоски говори и поддршката од Холандија, и тоа ни помалку ни повеќе, туку од еден од најголемите и најбарани диџеи на сите времиња TIËSTO.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот