Галијани: Врвните клубови во Европа ризикуваат банкрот!

фото: твитер

Поранешниот втор човек на Милан е загрижен за финансиската состојба во европскиот фудбал и вели дека фудбалот се соочува со „проблем што не е целосно разбран“.

Извршниот директор на Монца, Адријано Галијани, тврди дека врвните клубови во Европа ризикуваат банкрот заради недостаток на приходи поради пандемијата на коронавирус.

Поранешниот втор човек на Милан е загрижен за финансиската состојба во европскиот фудбал и вели дека фудбалот се соочува со „проблем што не е целосно разбран“.

Само вирусот е тој кој може да го одреди датумот на почетокот (за продолжување на сезоната). Навистина е тешко. Еден ден морате да се вратите на тренинзите, а потоа ви требаат четири недели да бидете подготвени за да играте. Навистина не знам кога првенствата би продолжиле – рече Галијани за „Телеломбардија“.

Според него ситуацијата е потенцијално драматична дури и за најголемите фудбалски клубови:

Не е само последната рата од ТВ правата која недостасува, нема приходи од стадион. Како и 400 милиони евра што УЕФА треба да ги распределува за европските купови. Врвните клубови во Европа ризикуваат банкрот, намалувањето на платите нема да биде доволно – додаде Галијани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот