Галијани ја брани Ванда Нара

Поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани кој во минатото беше една од најголемите „фаци“ во преодните рокови, секогаш кога нешто ќе каже привлекува големо внимание.

Овој пат сегашниот директор на второлигашот Монца, во интервју за „Кориере дела Сера“ зборуваше за случувањата во летниот преоден рок.
Интересно е што Галијани застана во одбрана на Ванда Нара, сопругата и менаџер на Маури Икарди, која сите ја обвинуваат за тоа што Икарди од капитен на Интер, сега тренира со младинците.

– Ванда е жртва на мачизмот кој владее во фудбалот. Кога и да каже нешто веднаш започнуваат коментарите во кои таа се обвинува за сè и сешто. Но, кога големите менаџери како Рајола и Мендеш се однесуваат идентично како Ванда, никој не се буни. Икарди? Фантастичен фудбалер и да можам веднаш би го довел во Монца – вели Галијани.

Галијани откри дека тој и Силвио Берлускони кој ја купи Монца, имаат една цел, за две години да ја внесат екипата во Серија А.

– Работам со истиот елан како и во минатото кога ги носев најдобрите светски фудбалери на Сан Сиро. Монца е клубот за кој навивав од дете, а кога Берлускони ме повика да работам за него во 1979 година му поставив само еден услов, да бидам слободен за викендите како би можел да се вратам во Монца – додава Галијани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот