Галичани му го честитаа изборот за викарен епископ на Архимандрит Партениј

Наречението за отец Партениј е закажано за 11 јули во Бигорскиот манастир, а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во Охрид.

До високопреподбниот архимандрит Партениј и понатаму пристигнуваат честитки за неговиот
избор за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија, со желби за добро здравје, долг живот и продолжување на неговата благородна мисија започната пред четвртвек.

Во низата честитки кои приситигнуваат од сите страни, е и честиката од Месната заедница на познатото село Галичник, каде Архимандрит Партениј последните години редовно го обавува чинот на венчавање на младожениците на Галичката свадба.

– Честитки од длабочината на нашите срца и души. Ви посакуваме долги години добро здравје, успешна работа и продолжување на мисиите на прифаќање, разбирање и љубов, општествена работа и соработка, стои меѓу другото во честитката.

Честитка упати и раководството на Здружението на граѓани „Брзовец” од село Тресонче, во име на жителите по потекнаречението (објавување на веста пред верниците) за отец Партениј е закажано за 11 јули во Бигорскиот манастир, а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во Охрид.ло од едно од неколкуте преубави села во подрачјето на Мала Река.

– Тресончани,како врпочем сите Мијаци, со векови биле и се уште се нераскинливо позрзани со нивната духовна ризница-Бигорскиот манастир и братството. Како во минатото, така и во иднина, ќе продолжиме со грижата  за традицијата наследена од нашите предци за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир – „Св. Јован Крстител”, напишаа Тресончани меѓу другото во честитката.

На седницата на Светиот архиерејски синод, на 21 мај, игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител”, високопреподбниот архимандрит Партениј, беше едногласно избран за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Ова се случува во годината во која ова македонско древно светилиште одбележува два големи јубилеја: 1.000 години од основањето и 25 години од возобнувањето на монашкото братство.

Одбележувањето започна вечерта на Бадник со промоција на првата книга со беседи „Бог се јави во тело, воскресна во слава” на архимандрит Партениј,  продолжува низ целата година, а главната прослава ќе се одржи на 18 октомври.

Инаку,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот