Галф Оил (Gulf Oil) ја отвори новата бензинска станица покрај автопатот Е75 во Гевгелија

На само шест километри по влезот во Македонија од граничниот премин со Грција кај Гевгелија, се отвори новата модерна бензинска станица под брендот Галф Оил (Gulf Oil).

Следејќи ги високите светски стандарди на американскиот бренд, новата бензинска станица во Гевгелија, на површина од 2.566 м2 располага со современи пумпи, паркинг простор за лесни и тешки моторни возила, просторни тоалети опремени со тушеви, мини маркет со широк асортиман, „WI-FI“ интернет, а наскоро започнува со работа и модерен ресторан.

Новата бензинска станица на своите потрошувачи им ги нуди врвните моторни масла на Галф Оил, како и премиум горивата на светскиот бренд – „Екстрим Дизел“ и „Џи Форс“, кои го подобруваат вбризгувањето на горивото во моторот, ја намалуваат потрошувачката на гориво и овозможуваат оптимално согорување на горивото. Брендот Галф Оил (Gulf Oil) повеќе од 100 години ја гради својата традиција како глобален бренд етаблиран и присутен во повеќе од 100 земји на сите континенти.

Уште една потврда за врвниот квалитет е партнерството со еден од легендарните тркачки брендови во Формула 1 – Мекларен, а од оваа година супер брзите автомобили на Мекларен Аутомотив ќе ги користат моторните масла и специјано дизајнираните горива за мотори со високи перформанси на Галф Оил.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот