Галевски: Македонскиот филм е во благ подем, но Македонија е на дното на соработка помеѓу филмот и нашите кино сали

Влатко Галевски, филмски критичар/ Фото: Слободен печат

Излезе дека медиумот на „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ е најзаинтерсиран за „Браќа Манаки“.

-Добитник на наградата „Мала камера 300“ е кинематограферката Жоана Силва Фернандеж за филмот „Низ маглата“, Бронзената камера 300 ја доби кинематограферот Рубен Импенс за филмот „Титаниум“, „Сребрената камера 300“ се додели на Каспер Туксен за филмот „Најлошата личност на светот“.

-Златната Камера „300“ ја доби Јани-Петери Паси за филмот „Купе број 6“. Лауреатот Јани-Петери Паси во видео-порака рече дека иако веќе ја има добиена оваа награда, останал буден цела ноќ од возбуда, изјави за Утрински брифинг Владо Галевски, филмски критичар и рецензент.

-Најчесто контроверзните филмови, филмовите со пикантни содржини, кои содржат експлицитни сцени, но се и непријатни за гледање, сега се прикажува. Тој тренд на експлицитност неверојатно е присутен. Таквите награди добиваат награди во Берлин најчесто“, додава Галевски.

-Имаме млади талентирани режисери, но имаме искусни кои се наградувани по фестивали. Режисерот мора да му верува на камерманот, односно на снимателот. Зошто? Затоа што искуството или талентот на тој му сугерира многу често во кои сцени како да се постави. Добрите и умните режисери ги оставаат снимателите сцената самата да ја решат или да сугерираат, додаде Галевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот