Галерија+Видео: Скопје закочено од протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва во Скопје и уште шест градови во државава ВМРО-ДПМНЕ протестира со возила, како што велат од опозицијата, против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Вечерва сме на протест пред Владата на Република Македонија, протестираме против криминалот, против невидената корупција од огромни размери и исклучително против политичкиот прогон кој што се случува во Македонија, вели Дарко Костовски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што се вели во политичката наука, политичка репресија која се јавува кај политички неистомисленици т.е. се јавува спрема оние кои што немаат ист став со актуелната власт користејќи ги сите државни апарати, односно злоупотребувајќи ги- рече Костовски.

Ова е период, потенцира Костовски, на милионски тендери кои што Владата ги мести, меѓутоа се одвива рекет на сите можни нивоа, од високи бизнисмени, до локални гранапчиња во населените места, а народот верувајте нема ни за леб.

Прочитајте и...  И во Струга ќе се поставува монтажна модуларна болница за ковид - пациенти

-Половина милион жители во Република Македонија живеат со само 130 денари дневно , додека 25 илјади жители во Македонија живеат со минимални само 44 денари дневно, додека луѓето од власта енормно се богатат. Не смее да си дозволиме патриотите да гнијат по затворите, а криминалците од власта да бидат на слобода- рече Костовски.

Оваа власт додека ги пушта криминалците на слобода, многу често, потенцираше Костовски, и го обвинува народот дека е виновен за најразлични политички текови во државата и тоа можеби е еден од првите симптоми дека станува збор за диктаторска власт.

Поврзани вести

Шахпаска: Не 16  туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство

Слободен печат

Намален бројот на инфицирани лица, но не и на починати: Германија со дневен рекорд од 410 смртни случаи

Слободен печат

ЕССЕ: Нема да запре родовото насилство без целосна примена на новиот закон

Слободен печат

Радио Нов Зеланд: Сто мртви делфини насукани на бреговите на архипелагот Чатам

Слободен печат

Царовска: За родово базираното насилство треба гласно да зборуваме

Слободен печат

Милошоски дојде, но рочиштето за „Моќник“ се одложи

Слободен печат

Остави Коментар