ГАЛЕРИЈА: Смрдеа од човечки измет се шири околу Универзитетската библиотека, раководството вели не сме моќни против граѓаните

Просторот околу Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје  наликува на запуштена депонија. Расфрлани отпадоци и остатоци од облека се забележуваат пред влезот во библиотеката, но и остатоци од човечки измет. Неподнослива смрдеа се шири наоколу, додека ѓубрето се чини како со денови никој да не го собира.

Скопје, 02 март 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен Печат.

За ужасот кој ќе ве пречека доколку одлучите таму да прочитате книга, алармираа граѓани на социјалните мрежи.

Скопје, 02 март 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен Печат.

Кој е одговорен за одржувањето на хигиената во и околу објектот прашавме во  Управата на библиотеката од каде што ни беше посочено дека со години се соочуваат со овој проблем кој го предизвикуваат малолетни престапници, но и возрасни уживатели на опојни дроги кои тука ги задоволуваат своите физиолошки потреби.

Скопје, 02 март 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен Печат.
Скопје, 02 март 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен Печат.

– Библиотеката се наоѓа на површина од 13.000 квадратни метри, а има само три хигиеничарки кои се грижат за одржување на хигиената. И покрај тоа што редовно се чисти просторот околу библиотеката, сликата е ужасна и свесни сме за тоа, но не знаеме како да се справиме со граѓаните кои немаат развиена основна еколошка свест. Во дворот на библиотеката престојуваат целодневно цели семејства,  тука готват и доаѓаат со запрежни коли, а и своите физиолошки потреби тука ги задоволуваат. За оджрувањето исто така задолженижо е и ЈП „Паркови и зеленило“, велат од библиотеката.

Оттаму сметаат дека овој проблем би се решил единствено ако се направи ограда, но Националната и Универзитетска библиотека нема финансиски средства за да го реализира тоа.

Скопје, 02 март 2021 / Фото: Драган Митрески – Слободен Печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот