ГАЛЕРИЈА: Шерон Стоун во гламурозен цветен фустан на црвениот тепих во Кан

шерон стоун
Фото: EPA-EFE

Се чини дека Канскиот филмски фестивал е едно од најважните случувања периодот каде познатите личности со своето присуство и модни избори ја воодушевуваат светската јавност секој ден, а сега е редот на американската дива – Шерон Стоун.

шерон стоун
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Познатата актерка присуствуваше на премиера на филмот „The Story of My Wife“ и по тој повод прошета по познатиот црвен тепих во Кан во гламурозно издание.

шерон стоун
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

За оваа пригода, 63-годишната актерка избрала уникатен фустан од италијанскиот бренд „Долче и Габана“. Светлосиниот фустан полн со везени цвеќиња со голи рамена ги воодушеви модните критичари и нејзините обожаватели.

шерон стоун
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Актерката на својот инстаграм- профил кратко го опиша фустанот, „Од ова се направени сониптата“, со што се согласија илјадници нејзини обожаватели ширум светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Шерон носеше големи дијамантски обетки, со нејзината препознатлива фризура и впечатлива шминка.

шерон стоун
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG
шерон стоун
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG
шерон стоун
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER
шерон стоун
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот