ГАЛЕРИЈА | Се потрошија вакцините против грип

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Сите 2.000 дози од вакцините против сезонски грип кои чинеа по 800 денари се потрошија за неколку часа откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Скопје, изјави за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој рече дека чекаат да добијат уште 2000 вакцини кои сè уште не им ги испорачале.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во врска со тоа кога очекуваат да ги добијат тие 2000 вакцини, рече дека тоа зависи од дистрибутерот „Елбиор”. Овие вакцини се однесуваат само за Скопје, бидејќи се набавени преку Центарот за јавно здравје Скопје.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Осумдесет отсто од категориите граѓаните кои требаше да ги добијат бесплатно вакцините, дојдоа кај нас и ги потрошија. Причината е тоа што во „МојТермин” оваа недела им е пополнет терминот и луѓето не сакаат да чекаат, сакаат да си платат и да завршат побрзо работа. Луѓето се исплашени и сакаат да си го заштитат здравјето. И за ризичните и неризичните групи има малку дози. Тоа го има во цел свет. Белгија за еден ден ги потроши. Минатата година 610 вакцини против грип ги фрливме, немаше кому да ги дадеме, потенцира д-р Стојанов.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нагласи дека годинава има недостиг на маски, ракавици, на вакцини, на се има недостиг и дека во цел свет е така, не само кај нас.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Ние можевме оваа година да добиеме 4000 вакцини. Не можевме повеќе. Тоа не зависи само од нас. Фабриките имаат ограничен капацитет, додаде д-р Стојанов. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот