ГАЛЕРИЈА | РЕПОРТАЖА: Кога ќе стапнеш во Вила Дихово, како да си стапнал дома!

вила дихово
ФОТО: Приватна архива

„Вила Дихово“ се наоѓа на скромни 5-10 минути возење од Битола и е водена од семејството Цветковски.

Кога ќе чуеме за несекојдневни семејни бизниси и места кои навидум излегле од бајка секогаш се таму некаде – во туѓи светови, изградени и негувани од туѓи луѓе. Но, овојпат, изненадени и ентузијастични се сретнавме со мекиот воздух и огромното гостопримство на „Вила Дихово“.

„Вила Дихово“ се наоѓа на скромни 5-10 минути возење од Битола и е водена од семејството Цветковски.

вила дихово
ФОТО: Приватна архива

Кога и како настана идејата за Вила Дихово?

„Пред 15 години, со предност што ни ја дава местоположбата, чистиот воздух, природата и можноста да се реновира куќата од 1925 год., градба од камен и кал, и да се претвори во сместувачки капацитет каде ќе доаѓаат туристи од цел свет. За таа цел направиме чистење на селото со помош на американскиот „Мировен Корпус“, каде беа собрани 50 тони ѓубре. Со нивна помош исто ни беше укажана чест во најголемиот водич за патување „Lonely Planet“, вели Пеце Цветковски.

вила дихово
ФОТО: Приватна архива

„Вила Дихово“ е целосно семеен бизнис од почетокот на нивното постоење и како таков нуди посебно и топло искуство на нивните посетители

вила дихово
ФОТО: Приватна архива

Во падините на Баба планина, вилата нуди удобно сместување и уште поудобно гоштевање. Тие имаат сопствена градина и лозје. Произведители се на сè што ќе ставите во уста, а и во душа. Бевме дочекани од софра со свеж зеленчук од градината, сок од лубеница, млечни производи, домашни колбаси и зелник штотуку излезен од рерна, а низ сите солени радости, се крие една посебна сладост-слатко од дуњи.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот