ГАЛЕРИЈА | „Протест сега, за да не биде предоцна“: ВМРО-ДПМНЕ бараат оставки од Заев и Владата

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржa протест со автомобили, за, како што соопшти партијата, „заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет”.

Колоната автомобили тргна од пред Спортскиот центар Борис Трајковски и се упати кон Владата .Протестот што партијата го најави како „сенароден и надпартиски”, се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна”.

Во повикот за протестот од опозициската партија апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анацинална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија”.

-Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не сте вие повикан ниту имате знаење да толкувате историски факти. Не сте вие тој што ќе ни кажувате кој бил фашист, а кој не. Историјата одамна го кажала тоа. Гробовите на нашите партизани, на тие наши млади македонски херои, гробницата на 12-те  убиени невини деца од Ваташа, семејните преданија за тоа кој колел и кој убивал на ова парче земја до последна педа натопена со крв – сведочат за тоа!“, изјави професорката од Институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева -Улчар која присуствуваше на протестот.

„Оставка на Заев, слобода на народот“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после одржаниот протест на партијата.

„Време е да ја кренеме главата и да се изборат Македонците за своите правдини. Ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвето негово“, рече Мицкоски кој побара Заев да се извини „за навредите кон македонските граѓани, предци и херои“.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот