ГАЛЕРИЈА | По 41 година: САЕ Тигар доби вагони за обука за решавање кризна ситуација

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Во касарната „Илинден“ денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменик-директорот на БЈБ Ариф Асани, присуствуваа на Оперативно-тактичка вежба на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ насловена „ПЕРОН 192“, по повод презентација на новиот полигон за обука, во рамки на стрелиштето во касарната „Илинден“ во Скопје, кое претставува и база за подготовки на САЕ ТИГАР.

Имајќи го предвид значењето што го имаат специјалните единици на МВР во системот за безбедност на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР, нивна заедничка карактеристика е потребата од специфични полигони за обука и вежби.

Откако пред година и половина беше оспособен просторот за реализација на модерното стрелиште за гаѓање, како дел од полигонот за урбана борба, во чиј состав влегува Куќата за гаѓање и автобусот за вежби, после 41 година се наметна потребата од доопремување на полигонот за работа на тубуларни системи со елементот за обука и вежба за решавање на кризна ситуација во воз.

„За таа цел, по примерот на европските полиции, беше неопходно да бидат поставени вагони кои би ја доловиле ситуацијата што поблиску до реалноста, а со чија помош припадниците на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР ќе можат практично да вежбаат за вакви ситуации“, подлвекуваат од МВР.

За комплетирање на овој сегмент од полигонот за обука, посочуваат од МВР, заслужни се неколку општествено-одговорни фирми, кои ја препознаа потребата да биде докомплетиран и овој сегмент. Во оваа прилика министерот Спасовски доделил плакети за благодарност на Македонски железници Транспорт, Македонски железници Инфраструктура, ФАКОМ Доо Скопје и РАПИДБИЛТ – Куманово.

Министерот Спасовски врачил и плакета за долгогодишен особен придонес во промоцијата на професионализмот во Министерството за внатрешни работи на началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.

Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот