ГАЛЕРИЈА | Македонија и Европа пред 100 години и сега: Погледнете како се менувало низ годините

Пред околу 100 години, познатиот германски фотограф Курт Хилшер објавил книга составена од фотографии од Југославија, а во изборот се вклучени и места од Македонија. Каспер Моленар, современ холандски фотограф, ја купил таа книга за време на неговите студии и решил да се впушти во неверојатна авантура.

facebook
Каспер Моленар / Facebook

Курт Хилшер бил германски фотограф и учител кој живеел и творел во периодот од 1881 до 1948 година на минатиот век. Негова пасија отсекогаш била фотографијата која играла водечка улога во неговиот живот.

Facebook
Св. Арахангел Михаил, Прилеп 2018 vs. 1926 година / Facebook

Тој решил да обиколи голем дел од Европа во периодот од 1910 до 1930-тите години на минатиот век, создавајќи култни фотографии од глетки кои му биле привлечни вклучувајќи и места од нашата земја.

Курт, покрај книгата посветена на Југославија, е автор на многу други успешни книги исполнети со пејзажи и архитектура.

Facebook
Скопје 1926 vs. 2018 година / Facebook

Холандскиот фотограф Каспер Моленар бил воодушевен од Хилшер и така тргнал во потрага со цел да ги најде тие места и да ги пресоздаде фотографиите направени низ цела Европа.

Facebook
Трогир, Хрватска 1926 vs. 2003 година / Facebook

Каспер со години патувал низ цела Европа за да ги детектира истите места што ги овековечил Хилшер со цел да ги фотографира и потоа да ги спореди фотографиите.

Facebook
Св. Богородица, Матка 2017 vs. 1926 година / Facebook

Денес, светот се восхитува на овој потфат на Каспер чија замисла била да ни покаже колку работите можат да се менуваат со текот на времето или да останат исти.

facebook
Кратово 1926 vs. 2018 година / Facebook

Да се види фотографија направена пред 100 години и во сегашноста е фасцинантно, не само од компаратистичка појдовна точка туку и заради фактот дека овој проект е од огромно културолошко значење за Европа и за нас.

facebook
Мермерен мост – Копенхаген, Данска 1931 vs. 2010 година / Facebook

Ние сме горди што ваков реномиран фотограф забележал и овековечил дел од нашата историја, архитектура и природа. Повеќе фотографии можете да видите на „Yugoslavia 1926 – Present – In the footsteps of Kurt Hielscher“ и „In the footseps of Kurt Hielscher“.

Facebook
Стадо биволи – некаде во Македонија, 1926 година / Facebook
Facebook
Охрид 1926 vs. 2017 година / Facebook
Facebook
Призрен, Косово – Синан Паша џамија 1926 vs. 2018 година / Facebook
Facebook
Портата на Фрањевачки манастир во Дубровник, Хрватска, 1926 vs. 2019 година / Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот