Галерија „Ко-Ра“: Ликовна изложба посветена на планетата Земја

Во галеријата „Ко-Ра“ при Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје од 15 мај е отворена групната мултикултурна и мултимедијална изложба посветена на Деновите на пролетта – Денови на екологијата. Тематската изложба обединува разнородни сензибилитети и изразни форми, разнородни генерации и ентитети, со што се акцентира утилитарното значење на оваа проблематика со есенцијално значење за опстојувањето на планетата Земја.

Преку слики, скулптури, графики, фотографии, колажи, инсталација и видеопроекција се претставени 20-ина автори во салонот на галеријата, но и виртуелно на социјалните мрежи.

Изложбата е со наслов „Ги сакам дрвјата – ги сакам шумите – ја сакам нашата планета Земја“, може да се посети со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а куратор на поставката е Виолета Калиќ, историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на културата „Кочо Рацин“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 32, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-25 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот