ГАЛЕРИЈА: Фудбалерите пристигнаа во Скопје, навивачите му се поклонија на Гранде Пандев

22 јуни 2021, Меѓународен аеродром Скопје - Фото: СП. / Драган Митрески

Авионот со фудбалската репрезентација на Македонија пред нешто повеќе од еден час слета на скопскиот аеродром, а спортските херои беа пречекани навивачите.

22 јуни 2021, Меѓународен аеродром Скопје – Фото: СП. / Драган Митрески

Неколку стотици фанови, меѓу нив беше и „највисокиот“, претседателот на КФМ, Перо Антиќ, беа на Меѓународниот аеродром во Скопје за да ги поздрават Пандев, Мрме, Џани, „дијамантот“ Елмас, Енис, Столе, Адеми, Ристовски и останатите кои иако загубија на сите три натпревари воопшто не разочараа, напротив ги освоија симпатиите на сите, а аплаузите од „фалангата“ по секој натпревар, ги имаше и при слетувањето.

22 јуни 2021, Меѓународен аеродром Скопје – Фото: СП. / Драган Митрески
22 јуни 2021, Меѓународен аеродром Скопје – Фото: СП. / Драган Митрески

Навивачите му се поклонија на Горан Пандев кој вчера го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација, но не беа заборавени ниту останатите фудбалски херои.

22 јуни 2021, Меѓународен аеродром Скопје – Фото: СП. / Драган Митрески

 

22 јуни 2021, Меѓународен аеродром Скопје – Фото: СП. / Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот