ГАЛЕРИЈА ЕXPO.30: Уникатно модно патување со македонските дизајнери

Фото EXPO

Во Музеј на современа уметност завчера се одржа првиот ден од настанот EXPO.30, на кој гостите имаа можност да ги погледнат новите модни колекции на пет македонски дизајнери, да се забававуваат со македонски ди-џеи и да дегустрираат македонски производи. Настанот е организиран по повод одбележување на 30 години независност на државата и е поддржан од страна на Владата на РС Македонија.

Фото EXPO

Ревискиот дел на EXPO.30 го отвори дизајнерот Никола Ефтимов со колекцијата „(Лични) деклинации и (емотивни цитати)“, во која сумира едел дел од своите дизајнерски пристапи, техники на изведба и украсување и концепти што го интерирале авторот во изминатите децении и нивно препрочитување.  Колекцијата автореферентна и новонастанатите парчиња облека и модни додатоци се деклинации на дел од клучните реализирани дизајни, со актуелен дизајнерски став.

Фото EXPO

На EXPO.30 модната марка „Лудус“ ја претстави колекцијата „Постродовост IV“ за есен-зима 2021/22, четвртиот дел од серијата колекции во кои се разработува футурстичката визија на општество без родови улоги. Ова е најодржливата колекција на „Лудус“ досега, како резултат на заложбите на брендот за продлабочување на еколошкото и одржливо производство. Колекцијата спојува традиционално македонско занаетчиство, локално набавени материјали и волница, рачни вештини од мајстори сорабоници на брендот и вешт технички тим што е постојан дел од современите дизајнерски колекции на „Лудус“.

Фото EXPO

Росица Мршиќ ја претстави колекцијата Dreamy Passage, пријатно сонливо патување низ нова, мека и пастелна естетика на дизајнерката. Колекцијата ја спојува женственоста карактеристична за дизајнерката со поопуштен изглед, но внимателно конструиран, воведен за да ја претстави потребата од радост и сонување. Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето и таа ги враќа романтичните, пријатни чувства, видени низ винтиџ објективот на медитеранската ривиера и ја спојува со нови современи изрази изградени преку разиграни, но сепак глатки, фини и софистицирани силуети.

Фото EXPO

Дизајнерката Евгенија Зафировска ги поврзува модата и архитектурата преку колекцијата The Beginning, која е инспирирана од апстрактниот елемент кој нè потсетува на скалила или мал аудиториум, пример за спој помеѓу инфраструктурната функција и јавен објект MO·NU·MENTS, претставува практична соработка, истражување и заштита на архитектонското наследство и израз на нашето убедување.

Фото EXPO

Проектот Othernity со наслов MO·NU·MENTS е претставен на Венециското биенале за архитектура со придонес од Архитектонското студио KONNTRA. Архитектурата на иднината може да се гради врз минатото за да се постигне соодветна флексибилниост, одржливост и силни врски на идентитет.

Фото EXPO

Првата вечер на EXPO.30 ја заокружи модната ревија на „Маригуча“ со колекцијата Oblivion (State od Obscurity) во која дизајнерката Нела Тодоровска истражува како работничката облека да ја претопи во модерна. Со појавата на првите работнички облеки во минатиот век, се појавува бранот на универзалната облека, која што со мали измени ја прифаќаме и денес. Оваа колекција обработува една работничка облека од минатиот век, комбинирајќи примеси од панк културата и сајбер модата.

Фото EXPO

Ди-џеите Зоки Бејбе, Бранчез, Флудер, Дела и Вишко беа музичка подлога на модните ревии, а потоа со свои ди-џеј сетови.

Фото EXPO

Денеска во рамките на EXPO.30 ќе се одржат шест ревии на кои ќе се претстават Лидија Георгиева, Силвија Михајловска – „Алшар“, Митко Занов, Јована Филиповиќ и  Кокев, а групна ревија ќе имаат на студентите по моден дизајн од три факултети.

Фото EXPO

На EXPO.30 ќе бидат спроведувани сите актуелно важечки протоколи за организација на настани донесени од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот