ГАЛЕРИЈА | Доделени годинашните Британски музички награди, Адел повторно доминираше

Адел, Ед Ширан, Оливија Родриго и Литл Симз - дел од добитниците на годинашните Британски музички награди
Адел, Ед Ширан, Оливија Родриго и Литл Симз - дел од добитниците на годинашните Британски музички награди / Фото: EPA/EFE

Британската пејачка Адел го одбележа годинашното доделување на престижните Британски музички награди, една од најважните музички манифестации во Велика Британија, којашто вчеравечер се одржа во лондонската „О2 Арена“.

Оваа година, организаторите на манифестацијата решија да ги укинат родовите поделби кај категориите. Имено, ова е прво издание каде што се воведени општите категории – изведувач на годината и меѓународен изведувач на годината, наместо досегашните категории кои се делеа на најдобар женски и на најдобар машки изведувач.

Како што беше очекувано, по огромниот успех на нејзиниот најнов музички албум „30“, Адел повторно доминираше и ги освои трите најважни награди – изведувач на годината, албум на годината и песна на годината – „Easy On Me“.

„Би сакала да ја посветам оваа награда на мојот син, но и на Сајмон, неговиот татко. Овој албум беше наше патување, не само мое“, изјави низ солзи Адел, алудирајќи на нејзиниот поранешен сопруг Сајмон Конеки.

Меѓу останатите победници е и рок-групата Wolf Alice, којашто беше прогласена за најдобра група, а раперката Литл Симз беше прогласена за најдобар нов изведувач. Талентираниот Ед Ширан победи во категоријата којашто дефинитивно е негова – најдобар текстописец.

Американските пејачки Били Ајлиш и Оливија Родриго ги освоија наградите за најдобар меѓународен изведувач и најдобра меѓународна песна за „good 4 u“. Наградата за најдобра меѓународна група ја освои американското дуо Silk Sonic, кое го сочинуваат пејачот Бруно Марс и раперот Андерсон Пак.

Како новитет, оваа година беа воведени и нови жанровски награди. Па така, Сем Фендер ја освои наградата за најдобра алтернативна/рок изведба, а Дејв за најдобра хип-хоп изведба. Наградата за најдобра поп изведба ја освои Дуа Липа, а Беки Хил ја освои наградата за најдобра танцувачка изведба.

Адел / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Ед Ширан / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Оливија Родриго / EPA-EFE/VICKIE FLORES
Литл Симз
Литл Симз / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Монескин / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Ен-Мари / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Дејвид Гета и Џесика Ледон / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Џој Крукс
Џој Крукс / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Маја Џама
Маја Џама / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES
Аби Робертс / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот