ГАЛЕРИЈА: 22 години од бомбардирањето на НАТО во ЈУГОСЛАВИЈА

Архива на Европската Прес Агенција (EPA) за 78 дневното бомбардирање на НАТО на Југославија, кое започна на 24 март 1999 година.

Српската влада проценува дека во бомбардирањето загинале најмалку 2.500 лица, а биле ранети 12.500, иако точниот број на загинати и натаму не е познат.

Воздушните напади завршија на 10 јуни 1999 година, откако Милошевиќ се согласи да ги повлече своите сили од Косово. 

Следната година тој беше соборен од власт и префрлен во Хашкиот трибунал.

Во Србија денеска се одбележуваат 22 години од НАТО нападите врз СР Југославија

–YUGOSLAVIA OUT–
НОВИ БЕЛГРАД, СРБИЈА, ЈУГОСЛАВИЈА: Црниот чад се крева од запалениот резервоар за сурова нафта на централа за греење во Нови Белград, на околу два километри од центарот на градот, откако беше погоден за време на воздушен напад на НАТО, рано во неделата на 04 април 1999 година. Oбласта во Белград е активирана веќе втора ноќ, бомбардирајќи ја полициската академија, рафинерија за нафта и топланата. Пламените јазици што гореа беа забележани од центарот на градот, но не беше веднаш познато дали има жртви од рацијата
EPA PHOTO EPA/SASA STANKOVIC/as/vk-cl
BEL04 – 19990404 – BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA: Црниот чад се издига од запалениот резервоар за сурова нафта на централа за греење во Нови Белград, на околу два км од центарот на градот, откако беше погоден за време на воздушен напад на НАТО, рано во неделата на 04 април 1999 година. EPA PHOTO EPA/DMITRI KHRUPOV/as/vk –RUSSIA & YUGOSLAVIA OUT–
EPA PHOTO EPA/DMITRI KHRUPOV/as/vk RUSSIA & YUGOSLAVIA OUT
KU05 – 19990415 – КУКЕС, АЛБАНИЈА: Бебе бегалец од албанска националност се губи во солзи откако пристигна од Ѓаковица, Косово, во Кукес, северен албански пограничен град во близина на Југославија, четврток, 15 април 1999 година. Детето му припаѓаше на конвојот за бегалци  кој беше напад во средата, оставајќи најмалку 60 убиени косовски Албанци. Југословенските авторитети го обвинуваат НАТО за бомбардирањето на конвојот.
BRU96-19990413-BRUSSELS, BELGIUM: Врховниот сојузнички командант за Европа, американскиот генерал Весли Кларк, ги покажува стратешките српски позиции на Косово на мапата проектирана на екран за време на дневната прес-конференција во седиштето на Брисел во НАТО, во вторник, 13 април 1999 година. Замолени од генералите на алијансата да обезбедат повеќе од 300 дополнителни воени авиони за да го „интензивираат“ бомбардирањето на Југославија, истакна своевремено генералот Кларк. EPA PHOTO BELGA/Herwig Vergult/ver/kr
YUGOSLAVIA OUT
BEL14-15041999-YUGOSLAVIA, KOSOVO, BISTRAZIN – Неидентификуван етнички косовски албански бегалец лежи во болнички кревет во Ѓаковица во четвртокот, 15 април 1999 година, откако беше ранет за време на вчерашниот напад на НАТО врз бегалски конвој во близина на селото Меја на Косово. Југословенските власти денеска соопштија дека 75 лица загинаа, а 26 се повредени во бомбардирањето во западно Косово на два конвоја бегалци од авиони на НАТО, еден над селото Бистразин, околу 6 километри од Ѓаковица и друг во близина на Меха, близу до границата со Албанија. EPA PHOTO EPA/VUK BRANKOVIC
YUGOSLAVIA OUT
BEL13-15041999-YUGOSLAVIA, KOSOVO, BISTRAZIN – Сафета Саjихи, етничка албанска бегалка од Косово, лежи во болнички кревет во Ѓаковица во четвртокот, 15 април 1999 година, откако беше ранета за време на вчерашниот напад на НАТО врз конвој на бегалци во близина на селото Меја во Косово. Југословенските власти денеска соопштија дека 75 лица загинаа, а 26 се повредени во бомбардирањето во западно Косово на два конвој бегалци од авиони на НАТО, еден над селото Бистразин, на околу 6 км од Djаковица и друг во близина на Меха, близу до границата со Албанија.EPA PHOTO EPA/VUK BRANKOVIC
SKO02 – 20000324 – SKOPJE, MACEDONIA : Етнички Србин со отпечатени македонско и српско знаме и „некролог- известување“  за американскиот претседател Бил Клинтон, додека учествува на протестен митинг по повод првата годишнина од бомбардирањата на НАТО над Југославија, петок, 24 март 2000 година во Скопје.
EPA PHOTO EPA/GEORGI LICOVSKI/gl-cl
Слика направена од српската телевизија во вторникот, 06 април 1999 година, ги покажува штетите по последните напади на НАТО врз третиот мост во градот Нови Сад. НАТО се закани со уште поинтензивни напади на Југославија на 06 април, додека агенциите за помош ги започнаа кризните разговори во Женева, додека преплашените и истоштени бегалци продолжуваат да излегуваат од Косово. EPA PHOTO EPA/SERBIAN TV
EPA PHOTO EPA/SERBIAN TV
Оваа слика од 06 април 1999 година преземена од српската телевизија покажува оштетени згради во Алексинац (околу 200 километри јужно од Белград) по последните напади на НАТО синоќа. Во нападот на НАТО до српскиот град Алексинац доцна во понеделникот загинаа пет лица, а ранети се 20 лица, објави приватното радио Студио Б, цитирајќи го својот дописник на местото на настанот.
EPA PHOTO EPA/SERBIAN TELEVISION
EPA PHOTO EPA/SERBIAN TELEVISION
EPA PHOTO SERBIAN TV
Оваа слика од 06 април 1999 година, преземена од српската телевизија, покажува локални жители кои одат по оштетените железнички пруги во близина на Витановац (околу 150 километри јужно од Белград), по последните воздушни напади на НАТО рано наутро во вторникот. Југословенската новинска агенција Танјуг објави дека областа била нападната во вторникот околу 3:30 часот по полноќ  и оштетени се патот и пругата кон градот Крагуевац, прекинувајќи го сообраќајот. EPA PHOTO EPA/SERBIAN TELEVISION
Траги од противвоздушен оган на југословенската армија го осветлуваат белградското небо во раните утрински часови на вторникот на 8 јуни 1999 година за време на обновените напади на НАТО. Пожарот се гледа над блокови на станбени згради во едно од предградијата на градот. Во меѓувреме, состанокот на земјите од Г8 во Келн се согласи на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН за Косово „која ги исполнува сите наши цели и ќе ги има сите потребни одлуки за да им се овозможи на мировните сили со НАТО во нејзиното јадро да работат на Косово“, рече своевремено американскиот државен оддел портпарол Џејмс Рубин / EPA-PHOTO/EPA/STR/as/ow
Двајца граѓани минуваат покрај уништени надгробни споменици на гробиштата во Приштина во понеделникот на 31 мај 1999 година. Гробиштата на главниот град на Косово беа погодени по трет пат за време на бомбардирањето на НАТО преку ноќ / EPA-PHOTO/EPA/STR/vb/fob/ow
BEL04 – 19990531 – BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA Луѓето минуваат покрај една од уништените куќи во селото Рипањ, близу Белград, која беше уништена за време на воздушните напади на НАТО во областа на Белград во текот на ноќта. Белград претрпе тешка ноќ по бомбашкиот напад во кој загина една старица, а девет лица беа повредени, јавија своевремено локалните медиуми. EPA-PHOTO/EPA/STR/as/fob/ow
BEL07-19990522-VELIKI CRLJEN, YUGOSLAVIA: Вработените ја испитуваат штетата во контролниот центар на електраната Колубара во градот Велики Црљен, 40 километри јужно од Белград, по воздушни напади на НАТО врз централата, во саботата на 22 мај 1999 година. Воените авиони на НАТО нападнаа делови од Србија во текот на ноќта во најтешките 24-часовни воздушни напади од кога алијансата ја започна својата кампања за бомбардирање. Тоа беше четврти голем напад од страна на НАТО врз снабдувањето со електрична енергија во двомесечниот конфликт.
EPA-PHOTO/EPA/MILAN PUTNIK/STR/ss/gh/ow
BEL03-19990522-VELIKI CRLJENI; YUGOSLAVIA: Пожарникар ја проверува штетата по пожарот во електраната Колубар , 40 километри јужно од Белград, по синоќешните воздушни напади на НАТО врз централата, во саботата на 22 мај 1999 година. / EPA-PHOTO/EPA/MILAN PUTNIK/STR/ss/gh/ow
Член на мисијата на ООН ја проверува својата камера за време на посетата на селото Гњилане, Петок, 20 мај 1999 година. Тим на ООН со 15 члена патува на Косово за да ги испита ефектите од бомбардирањето на НАТО и да ги процени непосредните хуманитарни потреби.
BEL02 – 19990527 – RALJA, SERBIA, YUGOSLAVIA : Еден човек минува покрај неговата уништена куќа во селото Ралја, на околу 30 км од Белград, четврток 27.05.1999 година. Бројот на бомбардирања на НАТО против Југославија достигна нов врв во четвртокот со воените авиони на алијансата кои реализираа скоро 400 напади против цели на Косово и низ цела Србија. EPA-PHOTO/EPA/ALEKSANDAR KOKOVIC/STR/as/so/ow
BEL03 – 19990525 – BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA Две деца од Србија играат стратешка игра „Клуедо“ , просторот е осветленсо два фенери и свеќа во нивниот дом во Белград за време на едно од прекините на електричната енергија предизвикани од воздушен напад на НАТО, рано во вторникот на 25 мај 1999 година. НАТО соопштува дека нема да ја прекине својата кампања за бомбардирање во Југославија и покрај зголемените барања за истото, рече своевремено врховниот командант генерал Весли Кларк на интервју за шпанскиот весник Ел Паис.
EPA-PHOTO/EPA/ANSTAS BRKIC/STR/as/mda/ow
BEL02-19990526-RALJA, SERBIA, YUGOSLAVIA: Бранислава Павловиќ од селото Ралја, на околу 30 км од Белград, лежи на одделот за интензивна нега, ранета за време на синоќешниот воздушен напад на НАТО врз нејзиното село. Нејзиниот сопруг Владимир исто така е во болниц, а при бомбардирањето биле убиени две нивни деца, Стефан и Дејана. (YUGOSLAVIA OUT) EPA-PHOTO/EPA/STR/as/fob/ow
BEL18 – 19990528 – BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA – Жител на Белград сече дрва со пила.  Во скоро сите поголеми градови во Југославија, многу домаќинства зависеа од електричната енергија за нивниот систем за греење, додека луѓето се обидуваа да најдат замени за греење на струја, плашејќи се дека бомбардирањето на електричните инсталации од страна на НАТО ќе го отежни снабдувањето со електрична енергија.
EPA-PHOTO/EPA/BORIS SUBASIC/STR/as/so/ow
BEL12-19990508-BELRADE, YUGOSLAVIA: Еден војник на југословенската армија се обидува да ги отстрани урнатините од зградата на српската влада во Белград во саботата на 08.05.1999, откако беше оштетен штабот на југословенската армија. Во центарот на Белград, НАТО повторно го бомбардираше началникот на штабот на југословенската армија, сојузното полициско министерство и локалната полициска станица. Кинеската амбасада беше погодена од три ракети на НАТО кон крајот на 07 мај. EPA-PHOTO/EPA/MILOS BICANSKI/str/as/fob/ow
BEL21-19990430-BELGRADE, YUGOSLAVIA: Зградата на југословенскиот воен штаб  во петокот, 30 април 1999 година по интензивните бомбардирања на НАТО во ноќта, што предизвика значителна штета.
EPA-PHOTO/EPA/SLOBA MILJEVIC/STR/as/ow
YUGOSLAVIA OUT
BEL04-19990430-BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA: Граѓани пешачат рано утрото во петокот на 30 април 1999 година низ урнатините и на куќите кои беа уништени кога НАТО изврши бомбашки напади рано во центарот на Белград. Новинската агенција Бета објави дека армискиот штаб бил во пламен по експлозиите, додавајќи дека зградите, вклучувајќи го и југословенското Министерство за надворешни работи, биле оштетени.
EPA-PHOTO/EPA/S. PIKULA/ss/fob/ow
BEL06 – 19990404 – BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA : Само горниот дел од зградата на поранешниот југословенски Централен комитет излегува од чадот што се издига од запалениот резервоар за сурова нафта на централата за греење во Нов Белград, на околу два километри од центарот на градот, откако беше погоден за време на воздушен напад на НАТО, утрото на 04 Април 1999 година.  EPA-PHOTO/EPA/DMITRI KHRUPOV/as/vk/cl/ow (RUSSIA & YUGOSLAVIA OUT)
SKO04-19990701- BLACE, MACEDONIA: Две момчиња, еетнички Албанци се играат за време на враќањето кон Косово, на границата во Блаце, четврток 01 јули 1999 година. Околу 500.600 етнички албански бегалци се вратија во Косово од крајот на бомбардирањето на НАТО против Југославија на 10 јуни, соооштија Обединетите нации 
EPA PHOTO/EPA/MICHELE LIMINA/ml/uk/kr
BEL11-19990608-BELGRADE, YUGOSLAVIA: Две жени јадат сладолед додека стојат пред скршен прозорец на американскиот центар за култура во Белград во вторник 08.06.1999 година. На ѕидот стои графит на кој пишува „Ова е Србија“. Воените авиони на НАТО го бомбардираа Белград доцна во ноќта по четиридневнот застој, а НАТО соопшти на 08 јуни дека нема да го прекине бомбардирањето во Југославија се додека нема „јасни индиции за конкурентно, брзо и проверливо“ повлекување на Србите од Косово. EPA-PHOTO/EPA/MILOS BICANSKI
Локален жител се обидува да извлече некои работи во урнатините на неговиот целосно оштетен дом во Ниш, Југославија, 07.05.1999 година. За време на воздушниот напад на НАТО во вториот по големина град на Србија на околу 230 километри од Белград, најмалку 15 лица беа убиени, а околу 70 други повредени. Многу куќи во околината на индустриска област на северо-запад од градот, што очигледно беше цел на бомбардирањето, претрпеа сериозни штети кога неколку ракети паднаа во предградието на Ниш, Медошевац / EPA/SASA STANKOVIC
epa07456060 (FILE) – Tracks and lights from Yugoslav army anti-air craft fire are seen during NATO air raids over Belgrade, Yugoslavia, overnight 27 May 1999 (reissued 22 March 2019). NATO started bombing Yugoslavia on 24 March 1999 during the Kosovo War. Hundreds of civilians were killed in the first bombing that NATO ever carried out without an approval by the UN Security Council. The operation Allied Force was aimed at ending military action, violence and repressive activities by the Milosevic government. EPA-EFE/Dejan_Tasic ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET
SKO03 – 19990704 – BLACE, MACEDONIA : Бегалците етнички Албанци чекаат да ја преминат границата кон Косово, недела 04 јули 1999 година во Блаце. 
EPA PHOTO EPA/MICHELE LIMINA/ML-cl ELECTRONIC IMAGE
SKO01 – 19990704 – BLACE, MACEDONIA : Етничко албанско бегалско семејство ги носи своите предмети во картонски кутии и пластични кеси додека одат да ја преминат границата кон Косово, недела 04 јули 1999 година во Блаце. Околу 547 000 бегалци од Косово се вратија дома како дел од постојано растечкиот бран од крајот на бомбардирањата на НАТО против Југославија во јуни, соопшти во саботата на 3 јули агенцијата за бегалци на ООН.
EPA PHOTO EPA/MICHELE LIMINA/ML-cl ELECTRONIC IMAGE
BEL06 – 19990723 – PANCEVO, SERBIA, YUGOSLAVIA: Демонстранти носат гас-маски за да привлечат што поголемо внимание во врска со контаминацијата во Панчево по бомбардирањето на НАТО во рафинеријата и хемиската фабрика, за време на протестен митинг организиран од опозициската коалиција Алијанса за промена во Панчево, 17 километри северно од Белград, во петокот, 23 јули, 1999. Повеќе од 2.000 демонстранти, пркосејќи на силниот дожд, одржаа митинг за да побараат оставка од југословенскиот претседател Слободан Милошевиќ и неговиот режим.(ELECTRONIC IMAGE) EPA PHOTO EPA/SRDJAN SUKI/STF/ss-fob
BEL03 – 19990616 – PEC, SERBIA, YUGOSLAVIA : Етничките Албанци од Косово стојат околу тенковите на италијанската армија, чувајќи стража на раскрсницата во Пеќ, во вторник, 15 јуни 1999 година. Околу 20.000 српски сили се повлекоа од Косово досега, што претставува околу половина од оние во јужната српска провинција пред НАТО да ја заврши кампањата за бомбардирање. EPA PHOTO/CIRA ===========YUGOSLAVIA OUT============
PRI04-19990531-PRISTINA, KOSOVO, YUGOSLAVIA: Жена плаче покрај гробот на својата сестра на гробиштата во Приштина во понеделникот на 31 мај 1999 година. Гробиштата во Приштина беа погодени по трет пат за време на бомбардирањето на НАТО во ноќта. (YUGOSLAVIA OUT) EPA PHOTO EPA/STR/vb-fob
BRU064-19990528-PRAHOVO, SERBIA, YUGOSLAVIA / Фотографии пред нападот (лево) и по нападот (десно) на нафтениот објект Прахово, што беа објавени од страна на НАТО за време на дневниот брифинг за печатот на Алијансата во петок, 28.05.1999. EPA PHOTO BELGA/NATO/ver/kr
BEL04-19990520-BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA: Пациентите лежат во своите кревети во преполн коридор во болницата во белградскиот кварт Дедиње во четвртокот 20 мај 1999 година, по нивната евакуација од зградите погодени за време на синоќешниот бомбашки напад на НАТО. НАТО призна дека на 20-ти мај, ракетата истрелана од еден нејзин воен авион за време на ноќните рации во Белград залутала,  прифаќајќи ја одговорноста за директен удар што усмрти тројца пациенти. (YUGOSLAVIA OUT) EPA PHOTO EPA/STR/as-fob
BEL01-04051999-YUGOSLAVIA-PEC: Татко ја допира раката на своето дете, кое било рането во бомбашки напади врз патнички автобус во селото Савине Воде, на околу 18 км југо-западно од Пеќ, во болницата во Пеќ, вторник, 04.05.1999 година. Српски официјални лица, обвинувајќи го НАТО за бомбардирање, рекоа дека најмалку 17 лица загинале во инцидентот. EPA PHOTO/VUK BRANKOVIC ================YUGOSLAVIA OUT=======================
BEL01-13051999-BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA: Двајца кинески државјани кои живеат во Белград користат се обидуваат да ги скршат прозорците на вратите на американската амбасада во Белград во четврток, 13.05.1999 година. Протестот беше организиран од кинески жители во Белград како реакција на бомбардирање на НАТО на кинеската амбасада во Белград, што усмрти три лица /  EPA PHOTO EPA/MILOS BICANSKI/as/kr
BEL02-13051999-BELGRADE, SERBIA, YUGOSLAVIA: Српски полицаец се обидува да запре двајца кинески државјани кои живеат во Белград да ја скршат вратата на американската амбасада во Белград во четврток, 13 мај 1999 година / EPA PHOTO EPA/MILOS BICANSKI/ss/kr
BEL09-19990507-NIS, SERBIA, YUGOSLAVIA: Локален жител се губи во солзи додека седи на урнатините од неговиот целосно оштетен дом во Ниш, со цел да врати некои работи / Фото: EPA PHOTO/BORIS SUBASIC/ss/kr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот