Гала и Салвадор Дали: Славна и отровна љубовна приказна

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Салвадор Дали бил сам по себе уметност. Живеел во стилот на своето уметничко создавање и постојано се плашел дека ќе престане да создава. Кохезијата од неговата болест, талентот, интелигенцијата и амбицијата го довела до уметничкиот врв.

Приказната за големиот Дали започнува со приказната за една љубов. За една жена и сопружничка, за верна придружничка и муза. За нејзината бескрајна грижа и негување на умот на Дали, за упорноста и вербата кои довеле до реализацијата и успехот на познатиот уметник, пишува „24 седум“.

Влијанието на Гала врз уметноста на Дали

Гала била десет години постара од Дали и се запознале кога тој имал 26 години. Таа го препознала неговиот голем талент и ја насетила неговата уметничка душа, а потоа решила да даде сѐ од себе за да го реализира неговиот потенцијал.

Кога се венчале, Дали бил само уште еден сиромашен и непознат уметник. Сликал и цртал на сѐ што ќе видел, а неговата уметност била хаотична. Дури откако Гала пристигнала во неговиот живот, Дали развил дисциплина и стремеж кон вистинско сликарство.

Неговата сакана му велела дека мора да слика како старите мајстори – со масло на платно. Токму тогаш почнал да зачекорува во својот надреализам.

Иако тогашната критика добро ги прифатила неговите дела, тие воопшто не се продавале на почетокот. Но, Гала била упорна – патувала ширум Шпанија и сама ги продавала сликите на нејзиниот сопруг.

Салвадор и Гала Дали/фејсбук
Салвадор и Гала Дали / Фото: Фејсбук

Престојот во Америка

Во 1939 година, Дали и Гала заминале во САД и, за среќа, шпанскиот уметник им се допаднал на Американците. Тој бил апсолутен шоумен и за кратко го маѓепсал Холивуд.

Алфред Хичкок го ангажирал да наслика визија за сон во еден од неговите филмови, а Волт Дизни го замолил да работи на анимиран филм кој ќе ја покаже светлината на надреализмот и ќе ја доближи таа насока до јавноста. „Destino“ е краток анимиран филм објавен дури во 2003 година бидејќи во времето кога бил создаден бил премногу надреален за да се прикажува.

Неговите слики почнале да се продаваат дури во 1943 година, кога богатиот брачен пар од Колорадо – Рејнолдс и Елинор Морс ги виделе неговите дела на изложба и станале негови покровители за цел живот. Оттогаш, цените на неговите слики почнале да растат.

Сликата „Галарина“ од 1945 година / Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Гала како менаџер на Салвадор Дали

Салвадор Дали се искачил на самиот врв и неговото име станало поголемо од сите негови современици. Гала била клучен елемент на неговиот успех. Таа му била водич, најголема поддршка и, според зборовите на Дали, неговата кралица. Како што раскажувала и самата, таа се грижела за животот, а тој за уметноста.

Таа ги продавала сликите, ги водела сметките, финансиите и договорите – сѐ што не може да прави Дали. Додека Гала се грижела за сѐ, Дали бил целосно неспособен за реалниот свет, не ја знаел вредноста на парите и не препознавал валути. Според една анегдота, уметникот му платил 100 наместо 10 долари на еден таксист.

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Криза во бракот

Кризата во нивниот брак почнала да се создава кога Гала одеднаш стекнала репутација на жена која не треба да се омаловажува и жена која секогаш била подготвена за конфликт. Се чини дека никогаш не престанала да привлекува помлади мажи, со кои имала и афери, но тоа не му пречело на Дали.

Нивната врска почнала нагло да се менува – под мрачната придамида на славата, заедно почнале да создаваат перверзна стварност. Дали и Гала почнале да организираат оргии, а истовреме и да се оддалечуваат од себе.

Потоа се вратиле во Шпанија, со изговор дека Дали ја загубил инспирацијата за уметност. Со цел да ја обноват љубовта, тие си купиле мала куќичка во едно шпанско село. Меѓутоа таа одлука се покажала како погрешна. Додека Гала тежнеела кон смирен живот, Дали сакал да живее под светлото на рефлекторите.

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Аферата со Аманда Лир

Гала почнала да живее одвоено од Дали и сѐ почесто почнала да патува сама. Таа отворено почнала да флертува со млади мажи и да има афери со нив. Дали изјавил дека му било прекрасно и фасцинантно што една старица како Гала успева да ги заведе младите момци. Тој никогаш не престанал да ја сака.

За време на престојот во Париз во 1965 година, Салвадор Дали започнал афера со тогашната позната манекенка Аманда Лир, со која ги поминал следните петнаесет години од својот живот. Гала ја прифатила Аманда и извесно време тројцата патувале заедно и ја изненадиле јавноста со својот изглед. Конечно, Гала побарала од Дали да ѝ ја купи ветената вила во Пубол и да ја остави на мира. Тој го одржал зборот и Гала си замина засекогаш.

Нејзиното заминување влијаело на Дали повеќе отколку што тој на почетокот покажувал. Тој останал со Аманда, но сепак ја идеализирал својата кралица. За него таа засекогаш останала недостижна божица, мајка и водилка, спас и прибежиште. Таа му забранила посети и му рекла дека може да дојде само кога ќе добие писмена покана. Еден од „столбовите“ што го држел наеднаш се лизнал.

Фото: EPA/TOM MIHALEK

Животот на Дали без Гала

Кога наполнил 70 години, уметникот се разболел од Паркинсонова болест, која директно влијаела на неговото сликарство. Кога Гала го слушнала тоа, многу се налутила. Зборувала за него дека е бескорисен, дека не треба да постои ако не слика. Таа станала алчна и исплашена за својата иднина. Покрај сета љубов што некогаш ја делеле, таа видела и извор на пари.

Гала умрела неколку години подоцна, а Дали целосно се повлекол во себе и не ги напуштал темните простории на својот дом. Тој одбивал да пие вода и на тој начин за малку ќе предизвикал смрт. Неговото однесување било протолкувано како самоубиствено…

Последните години од животот ги поминал во приватните простории на неговиот музеј, во целосна темнина и тешка депресија.

Суеверни познати личности: Пабло Пикасо не ја фрлал својата стара облека, истрижената коса и исечените нокти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот