Гал Гадот мета на критики по објавата за судирот меѓу Израел и Палестина
Холивудската актерка Гал Гадот, која е родена во Израел, деновиве е мета на критики поради својата објава на социјалните мрежи за израелско-палестинскиот конфликт.
„Мојата земја е во војна, ми се крши срцето. Израел заслужува да биде слободна и безбедна нација. Нашите соседи го заслужуваат истото“, напиша Гадот, која во својата младост отслужила две години задолжителен воен рок во израелската армија.
View this post on Instagram
„Се молам за жртвите и нивните семејства. Се молам да престане ова незамисливо непријателство, се молам нашите лидери да најдат решение за да можеме да живееме рамо до рамо во мир“, напиша Гадот.
View this post on Instagram
Нејзината објава беше критикувана од многумина, а актерката беше нападната дека шири пропаганда за Израел. Некои, сепак, застанаа на нејзина страна велејќи дека Гадот повика на мир и дека таа не треба да биде нападната.
Ријана исто така го сподели своето размислување на оваа тема.
„Срцето ми пука поради насилството меѓу Израел и Палестина. Не можам да го гледам тоа. Мора да има некое решение. Со тага гледаме невини луѓе кои страдаат поради потезите на владата и екстремистите“, напиша Ријана.
Ниту моделот Бела Хадид не молчеше.
„Идните генерации во неверување ќе се прашуваат како им дозволивме на Палестинците да страдаат толку долго. Пред нашите очи се случува човечка трагедија. Политичарите пелтечат неутрални зборови од страв да не бидат прозвани, а светот молчи за да не ги навреди погрешните луѓе“, напиша таа, а нејзиниот пост го сподели и Дуа Липа на нејзиниот инстаграм профил.