Гајсер: Пред да ја објавам целата приказна за „Рекет“ морам да бидам сигурен во сите докази кои ги поседувам

Фото: Фејсбук

Новинарот на италијанскиот весник „Ла Верита“, Ларис Гајсер, кој од изминатава недела објавува снимки за случајот „Рекет“ во Македонија, во интервју за МКД.мк , вели дека целата приказна носи уште повознемирувачки факти и турбуленции.

Па поради целото тоа, како што вели Гајсер, тој сака да биде сигурен дека сите сведоци ќе бидат сигурни, пред да ја објави целата приказна.

„Прво, морам прво да бидам сигурен во сите докази што ги поседувам и да ја завршам приказната. Ова е чисто истражувачко новинарство. Не знам уште колку денови ќе ми требаат, ама можам да кажам – неколку. Но, ако сѐ биде потврдено, ќе биде вознемирувачко и ќе предизвика силни турбуленции. Она што ми е најважно е луѓето да бидат безбедни пред објавувањето. Откако ќе објавам сѐ, ќе бидам подготвен да дадам и дополнителни коментари и податоци“, вели за МКД.мк новинарот Гајсер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот