Гаги Џогани уапсен поради поседување на кокаин: Му се заканува затвор од 3 години! (ФОТО)

инста

Гаги Џогани за прв пат објави дека е уапсен затоа што наводно имал со себе 2 ќесички кокаин, а според Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од три години или парична казна за неовластено поседување на мала количина наркотици.

Сепак, постоиможност тој да биде ослободен од казната ако им открие на властите кога и од кого ја примил дрогата.

„Добро сум. Ви благодариме за грижата. Наидов на проблеми, но јас сам ќе ги решам! Ви благодарам за разбирањето“, напиша Гаги на својот инстаграм-профил.

За потсетување, пејачката Наталија Трик ФХ, која е блиска со Гаги, за Телеграф Џетсет, изјави дека целиот ден пред апсењето го поминала со Џогани и дека не се чинело како тој користи нешто.

„Не ми се верува дека тој повторно почнал да користи дрога. Тој беше чист пет години. И Сани и јас сме во шок и гледам бледо откако прочитавме дека е уапсен“, изјавила Наталија и додадала дека и е жал за целата ситуација:

„Сè уште не верувам, мислев дека е шега. Денес бев со него и воопшто не ми се чинеше дека е под дејство на наркотици. Тој беше и изгледаше сосема нормално. После сè за што зборуваше во Задруга и за неговата борба, навистина не ми е јасно зошто се вратил на наркотиците. Мислам дека можеби некој го намести. Најмногу жалам за децата и за неговиот брат и сестра кои беа со него за време на тепачката“, изавила таа за Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот