Гаџа: Вардар е европски шампион и тоа е голем предизвик за мене!

фото: рк вардар

Вардар има предност од еден гол (30:31) пред реваншот во четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата, кој ќе се одигра утре (сабота 29 август) во С.Ц. Јане Сандански – Скопје против хрватската екипата на Нексе.

„Црвено-црните“ се поблиску до нов пласман на завршниот турнир кој од почетокот на месец септември ќе се одигра во градот Задар (Хрватска). Новото засилување за вардарци, плејмејкерот Анте Гаџа ги споделува очекувањата за мечот со Нексе, негов поранешен клуб.

Мислам дека можеме да се пласираме на Ф4 турнирот во Задар, ќе го дадеме максимумот од наша страна. Тешко е да се предвиди, времето ќе каже сè.

Вардар е европски шампион и тоа е голем предизвик за мене. Менувањето на државата исто така е предизвик, бидејќи ракометот е популарен во Македонија и луѓето ја разбираат играта. Салите секогаш се полни и едвај чекам да играм пред публика. Вардар е чекор напред во мојата кариера. Игравме со македонски клубови во минатото, затоа Хрватите знаат што ги чека кога доаѓаат тука.

Клубовите растат, навивачите се одлични. Затоа толку играчи од мојата земја дојдоа тука. Плејмејкерската улога е секаде иста, свесен сум дека играчи од светска класа играа на мојата позиција во минатото и нема да биде лесно да ги наследам нив. Соиграчите ми помагаат, верувам дека ќе бидам подобар – вели Гаџа во интервјуто за официјалниот веб сајт на СЕХА лигата.

Дуелот Вардар-Нексе е закажан да стартува во терминот од 20:15 часот, истиот ќе се одигра без присуство на публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот