17.8 C
Скопје

Гаџа: Не смееме повеќе да си дозволиме лоши партии!

Вардар 1961 уште еднаш ја покажа својата вистинска сила и се врати на победничкиот пат во СЕХА Газпром лигата по триумфот од 32:27 (18:13) против Мотор Запорожје од Украина.

Со два порази во низа зад нив, во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје „црвено-црните” покажааа целосно ново лице, голем мотив, желба и квалитет кој им донесе нов триумф во регионалното натпреварување.

Петкратниот победник на СЕХА успеа да му се одмазди на Мотор за поразот на претходниот натпревар во Украина кога Мотор победи со 30:23. Не успеа да ги надополни тие седум гола од Украина, но сега за нив е поважно тоа што формата оди во нагорна линија пред следните важни натпревари.

Сега на табелата во групата „Б“ три екипи имаат по девет бода, но Вардар е на третото место зад Мотор и Нексе. Во меѓусебните дуели тие имаат подобра гол разлика и затоа се пред играчите на Стевче Алушовски.

Ракометарот на Вардар 1961, Анте Гаџа беше најдобар стрелец со осум голови.

– Сакавме да покажеме дека мечот во Украина не беше реална состојба, дека бевме помеѓу многу натпревари, без неколку играчи, дека не бевме во добар ритам, и сакавме да покажеме дека таму не бевме прави. И конечно победиме и да се подигнуваме пред главниот дел од сезоната. Се надеваме дека и ќе се комплетираме и еве сега беше добро, се надевам дека така ќе продолжиме, бидејќи навистина секој нареден натпревар е важен и пресуден и не смееме веќе да си дозволиме лоши партии – рече Гаџа после натпреварот со Мотор.

Алушовски: Покажавме дека Вардар никогаш не треба да се отпише!

Поврзани вести

Димитриевски и Рајо Ваљекано се враќаат во шпанската „Ла Лига“

Слободен печат

ВИДЕО: Имаат гол-разлика 32:0, кога последен пат се затресе мрежата на Италија?

Слободен печат

Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

Слободен печат

Ивановски со бронза од Кипар и нов државен рекорд – на потег се МОК и Атлетската федерација!

Слободен печат

ФОТО: Македонските репрезентативци тренираа на „Јохан Кројф“ Арената

Слободен печат

Ракометарите убедливо загубија на вториот тест со Србија

Слободен печат

Остави Коментар