Гачевски си заминува од „црвено-црните“: ,Вардар во срце те носам

фејсбук

Голманот на Вардар, Филип Гачевски, одлучи да пет години да го напушти најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија. Гачевски откако му заврши договорот со Вардар, поради големите финансиски проблеми во кое се наоѓаат „црвено-црните“ не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката.
Доседашниот капитен преку социјалните мрежи се прости од навивачите, но и од клубот кој „во срце ќе го носи секаде каде ќе игра“.

„За жал дојде и тој момент. После 5 години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во ЛЕ. Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност. Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!!
Еден живот – една љубов“, напиша Гачевски на својот Фејсбук профил. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот