Гачевски пред дербито: Да го прекинеме голгетерскиот пост!

vardarfans.mk

„Црвено-црните“ предводени од Александар Васоски во првите две кола од шампионатот имаат освоено еден бод, но и натаму чекаат на првиот постигнат гол во новата сезона.

Голманот и капитен на клубот, Филип Гачевски е оптимист дека голгетерскиот и победничкиот пост конечно ќе завршат и дека Вардар размислува само на триумф од дербито.

– Имаме силни мотиви и голема желба да дојдеме до победа во градското дерби. Се надевам дека ќе успееме да ставиме крај на овој голгетерски пост и со помош на нашите навивачи ќе дојдеме до првата победа во сезоната која ќе ни даде самодоверба понатаму. Ги цениме сите противници, меѓутоа ние секогаш против било кого одиме на победа, така ќе биде и на денешната средба. Убеден сум дека сите кои ќе бидеме на теренот ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до трите бода – рече голманот на Вардар, Гачевски.

fkrabotnicki.com

На спротивната страна, стратегот на „романтичарите“, Александар Влахо посакува исто така освојување на трите бода, иако нема да може да смета на неколку фудбалери кои имаат повик во репрезентацијата до 18 години.

– Нема што многу да криеме меѓусебно, добро се познаваме со Вардар. Верувам дека нашите фудбалери ќе го исполнат зацртаното и на крај ќе се радуваме на победа. Мора да се истакне дека Вардар сега силно ќе атакува на триумфот затоа што е под еден вид притисок по двата почетни натпревари без постигнат гол. Но, и со предност ако се знае дека изминатава недела немаше натпревар во Купот. Мал дополнителен хендикеп за нас што нема да сметаме на неколку репрезентативци до 18 години. Поради повреда нема во комбинација да биде и Страхиња Крстевски, но без разлика на се секако размислуваме само на победа. Во секој случај, ќе бидат квалитетен натпревар во кој на крајот ќе слави оној со поголема желба на теренот – се зборовите на Влахо.

Според најавите, во живо можете да го гледате дербито на ТВ „Арена Спорт 4“.

1МФЛ, 3. коло

Сабота, 17.00 часот

Вардар-Работнички

Недела, 17.00 часот

Академија Пандев-Борец
Шкендија-Македонија ЃП
Шкупи-Ренова
Струга Трим Лум-Силекс

Табела:

1.Ренова 6 бодови
2.Македонија ЃП 4
3.Академија Пандев 4
4.Работнички 3
5.Струга Трим Лум 3
6.Шкупи 3
7.Силекс 3
8.Вардар 1
9.Борец 1
10.Шкендија 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот