Гачевски до Шкендија: Плачете малку и вие…(ФОТО)

sobotainfo.com

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија иако повеќе доминантен, со повеќе шанси, на крајот не успеа да ја оправда фаворитската улога и со два порази од претставникот на Луксембург, Дуделанж, доживеа елиминација во второто квалификациско коло на ЛЕ.

Ваквото испаѓање на тетовските „црвено-црни“ веднаш го коментираше голманот на еден од најголемите ривали на Шкендија на домашната сцена, Вардар, Филип Гачевски.

Тој на својот фејсбук профил повторно удри кон тетовскиот тим, односно го потсети за една неправда што се случи во минатата сезона во дербито од 19 коло кога Шкендија забележа минимална победа.

Тогаш на Вардар не му беше признат гол, судијата Мечкаровски и неговите помошници не видоа такво нешто по идарот на Филип Најдовски. Токму овие моменти ги споделува Гача…

facebook.com/gaca.gaca
facebook.com/gaca.gaca

– Сите се правеа слепи пред очигледните неправди, ама Господ е голем и праведен. Ние и нашите навивачи плачевме пред огромните неправди кон нашиот клуб, а сега плачете малку и вие…КАРМАТА Е ЧУДО!!!!

(Фејсбук статус на авторот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот