Гача провоцира: Шкендија најдобриот клуб во Македонија??

Не поминаа 24 часа од комплетирањето на трансферот на Бразилецот Фелипе во Шкендија, веднаш доаѓаат и провокаците од страна на најголемиот ривал.

Гачевски на својот Фејсбук профил ја коментираше изјавата на Фелипе што ќе игра за најдобриот клуб во Македонија.

-Хахахаха….„НАЈДОБРИОТ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА“???

Принтскрин/facebook.com/gaca.gaca.5

За клупскиот сајт на Шкендија новото летно засилување рече воедно дека ќе го даде максимумот за реализирање на објективните цели.

– Среќен што потпишав за најдобриот клуб во земјата. Кога играв во Тетово чувствував големи вибрации од публиката. Навивачите на Шкендија ми се допаѓаат, тие се одлични, создаваат вжештена атмосфера што ја крева и самата мотивација кај играчите. Се надевам дека така ќе биде и во новата сезона – вели Фелипе.

Да, факт е дека Вардар е моментно далеку најтрофејниот клуб во нашата земја со 10 лигашки титули од независноста, а Шкендија само три, од кои веќе две по ред, една лани и во сезоната 2018/19.

Вардар е првиот клуб кој обезбедил настап во групна фаза на УЕФА натпреварување, во Лига Европа, Фелипе беше фудбалерот кој го постигна дебитантскиот гол на една наша екипи во групи. Секако во листата на стрелците се запишаа уште Блажевски и Итало, три реализирани погодоци, а примени 20 во групната фаза за шест меча.

Photo/Facebook

Шкендија три години по ред игра плеј оф во Лига Европа, и до сега беше само на еден чекор од историско учество во групна фаза.

Летово во првото квалификациско коло на ЛШ ќе игра против естонскиот Номе Калју, фудбалерите на Ќатип Османи ќе се обидат и овојпат да стигнат што подалеку во Европа, а ќе видиме дали Фелипе ќе се покаже како „клуч“ во остварувањето на клупските цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот