Гача: Ова е голем срам за македонскиот фудбал! (ФОТО)

facebook.com/gaca.gaca.5

Во средата во рамките од реваншот во осминафиналето од Купот на Македонија, Шкендија триумфираше над Вардар со 1:0. Првиот дуел заврши нерешено 2:2.

Стрелец на победничкиот гол беше Агим Ибраими, а со оваа елиминација не можеше да се помири голманот на ФК Вардар, Филип Гачевски.

принтскрин/facebook.com/gaca.gaca.5

Како што информира „Вардар фанс“, повторно немили сцени и инциденти го одбележаа ова дерби. Момчињата кои се задолжени да ги враќаат топките, наместо да го прават тоа, очигледно на мечот беа поставени да провоцираат и да местат голем инцидент.

– Ова што се случуваше на денешниот меч во Тетово е голем срам за македонскиот фудбал. Мислам дека ФФМ и луѓето кои го водат фудбалот треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака. Глава горе момци, секоја чест!!- напиша Гачевски на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот