ГАЧА: Го имаме најлошиот селектор во историјата!

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Голманот на „црвено-црните“ без потребно на нешто повеќе од 24 часа ја влошува атмосферата пред дуелите со Словенија и Полска.

Филип Гачевски говорејќи за словенечкиот медиум „Ekipa.si“ вели дека Игор Ангеловски е најлошиот селектор кој го имала еден сениорска фудбалска репрезентација.

– Го имаме најлошиот селектор во историјата, тој е катастрофа. Тој мисли дека сѐ е негово“ – рече Гачевски.

На денешната прес конференција Горан Пандев изрази желба дека не сака на било каков начин да се влошува атмосферата во репрезентацијата.

Гачевски (29) е роден во Мурска Собота (Словенија), професионалната кариера ја започна во редовите на Мура, потоа ги бранеше боите на австрискиот Капфенберг. Па, на позајмица во Лустенау, член на Брегалница, а од 2015 година е дел од Вардар каде што моментно ја носи капитенската лента.

sobotainfo.com

Популарниот Гача имаше 15 настапи за У21 репрезентацијата на Македонија, но ниту еден досега за сениорите.

Една и пол година беше само резерва во националниот тим, а потоа поради лоша дисциплина беше отстранет од селекцијата.

– Зошто не сум дел од репрезентацијата? Не сакам сега да ги споделам деталите, некој друг период. Дисциплината беше прекршена од пет-шест репрезентативци, но јас само без казнет – додаде Гачевски.

Непосредно пред мечот в четврток ги предупреди Словенците дека треба да внимаваат на талентираниот фудбалер, Елиф Елмас.

„Што се однесува до натпреварот, навивачите можат многу да им помогнат на македонските репрезентативци, свесни дека мечот е од големо значење. Се очекува да ги има околу 20.000 на трибините, можеби и повеќе. Што се однесува до најголемата опасност, таа доаѓа од Елиф Елмас, еден навистина голем талент, затоа е и моментно дел од Наполи – додаде Гачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот