Габриел Жезус го надмина рекордот на Нејмар

фото:твитер

Габриел Жезус постигна хет-трик во мрежата на Динамо Загреб во триумфот на неговиот тим од 4:1 во Хрватска.

Така, тој стана најмладиот Бразилец кој постигна 10 голови во ЛШ – стар 22 години и 252 дена.

На овој начин, Жезус го подобри рекордот на Нејмар, кој го имаше истиот учинок кога имаше 23 години и 75 дена.

Дуелот со Хрватите ќе остане запаметен за младиот Бразилец од друга причина. После тоа, тој веќе има 101 гол во професионалната кариера – 28 за Палмеирас, 18 за репрезентацијата на Бразил и уште 55 гола за дресот на Манчестер сити.

Од почетокот на сезоната, Жезус има 10 гола во дресот на „граѓаните“ во сите натпреварувања на 21 одигран меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот