Г7 со билатерални договори ќе ги олеснуваат долговите на најсиромашните земји

Министрите за финансии од Групата седум најразвиени економии во светот денеска соопштија дека се за спроведување билатерални договори за олеснување на долговите за најсиромашните земји до крајот на оваа година, а можеби и подолго.

Во заедничката изјава, министрите за финансии од Г7, исто така, повикаа на поголеми напори за зајакнување на процесот на објавување податоци за јавниот долг и ги повикаа доверителите да носат одговорни одлуки за кредитирање, во согласност со насоките за одржливост на долгот.

Министрите, исто така, посочија дека доверителите треба целосно да ги објават условите под кои тие одобруваат задолжување на владите и да ја ограничат употребата на клаузулата за доверливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот