Г7 разговараше за економските последици од пандемијата

Американскиот министер за финансии Стив Мнучин разговараше вчера со колегите од земјите членки на Групата 7, претставници на Европската комисија и Еврогрупата за економските последици од пандемијата на коронавирусот, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на американскиот секретар.

Мнучин информирал дека тие разговарале за економскиот одговор на пандемијата на национално и меѓународно ниво.

Тема на разговорот биле и мерки кои можат да ја забрзаат економската активност сега кога постои постепено заживување на економијата, а во согласност со сите потребни здравствени и заштитни мерки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот