20 C
Скопје

Г20 го замрзна долгот на најсиромашните земји на една година

Финансиските должници на Г20 најразвиени дражави во светот се договорија денеска да го замрзнат долгот на најсиромашните земји од први 1. мај на една година.

Одлуката за замрзнување на плаќањето на ратите и каматите ќе ослободи повеќе од 20 милијарди долари кои најсиромашните ќе може да ги потрошат за своите здравствени служби и ќе им помогне да се справат со пандемијата од коронавирусот, рече саудискиот министер за финансии Мохамед ал-Јадан.

Саудиска Арабија претседава годинава со групата Г20.

Замрзнувањето на отплатата на долгот се однесува на најсиромашните и неразвиените држави, според критериумите на Светска банка и Обединетите нации, а кои отплаќаат заедми од Светска банка и ММФ.

Иницијативата е дел од напорите за зајакнување на економиите во време на пандемијата од коронавирусот која светот го турна во најдлабока рецесија од Големата депресија во 30-тите години од минатиот век.

Г20 ги повика и приватните кредитодавачи да се приклучат кон иницијативата под слични услови.

Повереник од француското министерство за финансии рече дека приватните кредитодавачи се согласиле да се одложи рефинасирањето на 8 милијарди долг на најсиромашните.

Директорката на ММФ Кристалина Георгиева и претседателот на Светската Банка Давид Малпас го поздравија договорот.

Одложувањето на плаќањето ќе трае година дена, но кредитовавачите ќе ја разгледаат можноста за негово продолжување, наведува Г20.

Претходно 18 шефови на држави од Европа и Африка веќе побараа олеснување на отплатата на долгот како и план за обнова на економијата од приближно 100 милијарди долари за африканскиот континент.

Поврзани вести

Пандемијата им го зголеми богатството: Дури 117 милијардери повеќе отколку лани во Европа

Слободен печат

ВИДЕО: Наместо само кафенце со Вучиќ, нобеловецот Хандке доби орден

Слободен печат

Милевски: Еко центарот Бислим, станува лидер во развојот на алтернативниот туризам

Слободен печат

Спасовски и директорот на БЈБ им одадоа почит на осумтемина загинати полицајци во „Диво Насеље”

Слободен печат

Во земјите на ЕУ ќе се влегува со било која примена вакцина

Слободен печат

Ин мемориам: Почина д-р Лазар Шуманов, претседател на Националниот комитет на ИКОМОС

Слободен печат

Остави Коментар