Г.г. Стефан: Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија

божик
Архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан / Фото: Драган Митрески, Слободен печат

Во соборниот храм „Свети Сава” во Белград изутринава почна архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви”, односно литургија на помирувањето, со која сослужуваат српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан.

Литургијата се одржува, откако вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.

На заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ и на владици од двете цркви во храмот „Свети Сава” во Белград, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија.

– Му благодариме на Бога што, еве, се исполни времето, па наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, раководен од Неговата сесветост патријархот г.г. Вартоломеј и во истиот тој дух, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви, истакна во својот говор архиепископот Стефан.

Поглаварот на МПЦ-ОА дополни дека „со чинот на изразената добра волја на дело, а потврдена, еве, и со денешнава заедничка света богослужба во овој велелепен Светосавски храм, покажавме дека со чашата на благословот и со кршењето на лебот, го покажавме заедништвото во најсветото, во крвта и телото Христови, покажавме дека сме заедно и едно во верата, со што го потврдиме единстовот меѓу нашите две црки, со тоа и фдинството си дите дртуги помесни православни цркви”.

Поглаварот на МПЦ-ОА додаде дека затоа „му благодариме на семилостивиот Бог, што го чу гласот од молитвите на народот, што ги виде и трпението, и верата, и надежта, и љубовта и нè не лиши од Неговото благоволение.

Видео на денот