Г-7 предлага сиромашните земји да се ослободат од отплата на долгот и во 2021 година

Министрите за финансии на Г-7 денеска оценија дека е подобрена економската состојба во нивните земји и се договорија да продолжат да ги координаираат своите одговори на пандемијата со Ковид-19, изјави портпаролот на американското Министерство за финансии.

На телеконференцијата, министрите ги повикаа сите официјални билатерални кредитори во целост да го спроведат замрзнувањето на долгот на најсиромашните земји во светот, откако тоа беше договорено на ниво на Групата 20 најразвиени светски економии.

Министрите на земјите-членки на Г-7 се согласија и да ги разгледаат дополнителните опции за земјите со ниски приходи, вклучително и ослободување од отплатата на долгот да продолжи и во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот