Г-20 издвои повеќе од 21 милијарда долари за борба против коронавирусот
Г20 издвои повеќе од 21 милијарди американски долари за борба против коронавирусот.
„Г20 ги координираше глобалните напори за поддршка на борбата против пандемијата COVID 19. До денес, членките на Г-20 и поканетите земји издвоија повеќе од 21 милијарди долари за поддршка на финансирањето во глобалното здравство“, се вели во соопштението на групата.
Средствата се фокусирани на дијагностика, вакцини, терапија и истражување и развој, се додава во соопштението.
Во април, групата ги повика сите земји, невладини организации, филантропи и приватниот сектор да помогнат во покривањето на недостигот на пари за финансирање на борбата против коронавирусот.
Г-20 е неформален форум што ги собира министрите за финансии и гувернерите на централната банка од 20 економии: 19-те најразвиени национални економии и Европската унија како посебен ентитет.
Според последните податоци, околу 400.000 лица починаа,, а над 6.68 милиони луѓе се заразени со Ковид-19.