ФЗО: Во процедура сме, на лекарите со Ковид 19 ќе им биде исплатена 100 проценти од платата

Лекарите со Ковид 19 ќе добиваат 100 проценти плата и болеста ќе им биде третирана како професионално а не како обично заболување.

Од Фондот за здравствено осигурување за Слободен печат велат дека во тек е усогласување меѓу Министерството за труд и социјална политика и Фондот и дека е испратено барање до Владата и во тек е административна процедура.

-Штом процедурата заврши, ќе се реши и би требало да им се плати 100 проценти од платата како професионално заболување, велат од ФЗО.

До редакцијата на Слободен печат пристигнаа поплаки од повеќе лекари во кумановската болница кои се пожалија дека иако се заразиле со ковид 19 на работното место лекувајќи пациенти, ФЗО им го третира заболувањето како обично, а не како професионално со што им се кратат 30 проценти од платата.

-Фондот ќе исплатува надоместок на плата по основ на професионално заболување во висина од 100% на здравствените работници и лицата вработени во здравствените установи како најизложени на коронавирусот. За таа цел МТСП ќе направи измени во прописите како и во листата на заболувања кои дефинираат кои болести се сметаат за професионални заболувања, велат од ФЗО.

Министерот за здравство Венко Филипче запрашан за ова на прес конференција рече дека тоа не смее да се случува и дека ќе се преземат мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот